Заев промовира бивша пратеничка и директорка на ВМРО-ДПМНЕ и соработничка на Груевски

Една од најдобрите македонски педијатри Аспазија Софијанова се враќа на директорското столче на Клиниката за детски болести.

Според информации на Сител таа на оваа функција официјално ќе биде назначена до крајот на неделата.

Софијанова и претходно во времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ од март 2012 до летото 2017 менаџираше со оваа здравствена установа.

Софијанова во 2014 година беше избрана за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ а во 2017 година беше сменета од СДСМ од позицијата директор на скопска Педијатрија во масовните смени во здравствените установи кога од новата власт настрадаа 33 “вмровски” директори.

По 3 години Софијанова на предлог на СДСМ повторно е пред именување на директорка.