Заев пред средбата со Мицкоски: Да најдеме решение пописот да се спроведе

Очекувам да најдеме заеднички решенија за пописот да се спроведе непречено, со целосна заштита на здравјето на граѓаните и на попишувачите и истиот да го поддржи и ВМРО-ДПМНЕ, изјави за МИА премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев пред почетокот на денешната лидерска средба со претседателот на опозициската партија Христијан Мицкоски, која ќе се одржи во 13 часот во клубот на пратеници.

Премиерот нагласи дека останува отворен да разговараат и за прашања поврзани со работата на Собранието со цел да се отстранат сите блокади и да се обезбеди непречена работа во корист на народот, како и за темите поврзани со локалните избори наесен.