Екс премиерот во својот денешен пост на Фејсбук во кој најави дека нема да се кандидира за претседател во неколку различни параграфи меѓу редови открива дека екс премиерот Груевски е меѓу тие кои што помогнале да се соберат 80 пратеници и да се смени уставот за промена на името во Северна.
Во едниот параграф Заев каде директно го споменува Груевски тој тврди дека сега азилантот во Унгарија намерно ги помагал процесите за промена на името.
,,Убавината на сите овие противења, кочења, негодувања, мрчења, суетности, вака од дистанца гледано, е во тоа што токму тие луѓе, со своето противење, несакајќи, а богами некои од нив и свесно и намерно (Груевски на пример) ги имаат помогнато сите овие процеси. Сите тие, со нивното делување и противење, го охрабрија мнозинството народ да опстои во својата верба за осигурување на евроатлантската иднина на државата, во градењето пријателството со соседните земји, во воспоставување на кохезијата во нашето мултиетничкото општество преку концептoт на кој му аплаудира целиот демократски свет – концептот “Едно општество за сите”.
Во друг параграф Заев посочувајќи ги луѓето меѓу кои е и Груевски вели дека има директна помош за обезбедување на двотретинско мнозинство за промена на името.
,,Тие луѓе, политичари, новинари, аналитичари … индиректно, а богами и директно 😉 во клучните моменти за државата помогнаа за обезбедување дури и на двотретинско мнозинство во парламентот за Договорот од Преспа и другите важни одлуки, со што беа совладани тогашните анти-НАТО и анти-ЕУ политики на актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ”.
Во трет пасос Заев упатува посебна благодарност до луѓето кои директно го помогнале клучниот чин за собирање на 80 гласа за смена на уставот.
,,п.с. Посебна благодарност до некои од тие луѓе што и директно го помогнаа клучниот чин (ќе се препознаат верувам таквите) за земјата неповратно да се постави на шините кон НАТО и ЕУ, чинот со кој 80 пратеници дадоа согласност за Договорот од Преспа”, пишува Заев во текстот што е одговор на нападот од Груевски кого индиректно го посочува во обраќањето.
Целиот пост на Заев кој важи за човек што многу лаже и манипулира но и кој точно знае како течеше криминалниот процес за промена на името.