Заев поднесе оставка од премиер и претседател на СДСМ!

Претседателот на Владата и на СДСМ, Зоран Заев, ја презеде одговорноста за поразот на локалните избори и на прес-конференција во седиштето на партијата објави оставка на двете функции!

Истовремено, тој изрази увереност дека, и покрај неговото повлекување од премиерското место, не треба да има предвремени парламентарни избори.

„Господ да ни ги чува народот и Северна Македонија!“, заврши Заев.