Заев подготвен за уште поголеми отстапки само да ја зачува кожата уште еден ден, вели Боцевски

Спогодба со Бугарија, по бугарски терк, се плашам дека може да доведе до далеку поостра поделба во општеството со несогледливи последици. Но тоа не му пречи на Зоран Заев, сè додека купил уште еден ден на власт, пишува екс-амбасадорот Ивица Боцевски во колумна за „Нова Македонија.

Тој смета дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, постигна многу со оваа интерпелација.

„Прво, го изведе Заев на чистина и покажа дека тој не поднел оставка, односно дека повторно не ја зборувал вистината и манипулирал со македонската јавност.

Второ, имаме вистински граѓански набој во отпорот кон власта на СДСМ и на ДУИ. Делегитимирањето на оваа власт е целосно ако се земе предвид етничкото дивеење на ДУИ помеѓу двата круга на изборите, „чизмите од таванот“ на Шкодране Дардишта (таа сè уште не е разрешена од функцијата што значи дека сепак Али Ахмети и ДУИ стојат зад нејзините „чизми од таванот“) и бизарното исчезнување на пратеникот Кастриот Реџепи за да се оневозможи пад на Владата во четвртокот.

Но, независно од тоа, се покажа дека владата на Заев го изгуби целиот демократски легитимитет за владеење и секој нареден ден негово опстојување на премиерската функција е веќе соголено и брутално политичко насилство. Тој нема легитимитет ни за дневно владеење, а не пак за влез во авантури со какво било договарање со Бугарија на сметка на македонскиот народ. Затоа Зоран Заев е опасен во моментов.

Тој е подготвен на уште поголеми отстапки само да си ја зачува кожата уште еден ден’, оценува Боцевски.