Најавувам вечерва, давам јасна насока и директива, во сите општински организации, кај сите наши градоначалници, сите министри и директори – GAME CHANGE.

Излегоа проблемите на виделина, фрчат пораки со проблемите на луѓето.

Премиерот Заев на Фејсбук спонзорирал видео изјава од вчерашниот митинг на СДСМ на кој тој најавува работи во кои огромен дел од граѓаните не веруваат.

“Тргнуваме со нов систем каде секој граѓанин ќе добие одговор – прво дека пријавата или поплаката или барањето се примени, а веднаш потоа и упатување од секоја институција како ќе се решава проблемот.

Систем другари. Правила и процедури.

Секој што пријавил проблем добива одговор, фидбек. Ама секој. Без разлика кој е. Систем услуги кој оди рамо-до-рамо со дигитализацијата. А ако некој не добие соодветна услуга, ќе светне црвено на компјутерот и одма се знае кој затаил, кој не работи како што треба”, вели Заев во видеото.

Во реакциите на граѓаните доминираат потсмешливи, негативни и критички забелешки на неговата најава.

“А до сега кај беше бе златен сега ли ти текна со пораки со телефони вртење дека беше до сега или беше во заблуда во сон 5 години со умисла само за тебе да гледаш да рушиш да распродаваш а народо кој го шиша е сега за тоа златен ке го јадеш од народо … Народ става ама и Народ ваде!”.

За неговата најава дека се менува играта односно Game Change Заев доби одговор дека се работи за Game Over односно дека за него е крај на играта.

Граѓанка која лично му пратила 10 писма за своите приблеми го обвинува дека пак лаже.

“Смешки. Секако дека ги знаеше сите проблеми и претходно само беше многу самоуверен, се мислеше незаменлив, лично јас ти пратив минимум 10 препорачани писма, а верувам дека не сум единствена, на сите одговорот беше ист.. Префрлање топка од едни на други, као демек ‘работиме’ . РЕЗИЛИ И СРАМОТА ЗА ИЖИВУВАЊЕТО ВРЗ НАРОДОТ!”, напишала една граѓанка која не е исклучок од ова однесување на Заев.

“ПРВ си ти што недобив никаков дговор,одговорот беше не ве познавам, да ми помогнеш треба да ме познаваш,(ова е лудо за мене) се слушаш ли што зборуваш? Срамота, кога ќе ми решиш проблем ќе гласам, роман можам да ти напишам, џабе нема да дојде до тебе да го прочиташ,! Ај доста е џабе пишуем!”

“Само да не биди како со метлата. И тогаш дадовте надеж дека нештата ќе се променат, а ништо не се промени. Оние што беа арогантни станаа уште поарогантни, оние што требаше да креваат телефони, ги спуштаа, оние кои требаше да ги слушаат нашите барања, оглувеа. До кога да чекаме да ни биде подобро?”, прашува трета.

Друг граѓанин му дава три услови за да добие 1500 гласа или да загуби 3000.

“Еве јас како загрижен граѓанин барам само три точки до заклучно до петок да ги спроведеш и од мене имаш глас, и ќе ти донесам уште најмалку 1500 гласачи. Ако не во спротивност 3000 ќе ти најдам да бидат против. Првин да ги поништиш сите договори што си договорил за овие четири години, да ја прогласиш Короната за мртва и да го вратиш името на републиката. Ајде Зоки покажи се сега на дело. Доста беа празни муабети”, вели друг граѓанин му стотиците коментари.

Има и такви што му одговараат со цинизам:

“Југото некој чуден звук ми вади, ако има некое решение да го средиме, или барем 2-3ца од партија да пуштиш за буткање?”.

Видеото и коментарите за Заев (дел се навредливи) на спонзорираниот пост на Фејсбук:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2285210371616153&id=66035312931