Со владина одлука и по престанувањето на неговиот мандат, на екс-премиерот Зоран Заев му е доделено владино службено возило „шкода суперб“ произведена во 2021 и со моторна зафатнина од 2.000 см3, објави порталот Фактор.
Според измените на Законот за Влада направени во 2016, поранешниот премиер има право да го користи овој автомобил во вкупно траење колку што до сега бил шеф на Владата.
Претходно, на Заев во 2020 кога при формирањето на техничката влада поднесе оставка, му беше доделен „фолксваген пасат лимузина“ произведен во 2018 година и со моторна зафатнина од 2.000 см3.
На 17 јануари Заев за порталот А1он изјави дека нема да го искористи правото на апанажа, ниту тоа на автомоил и возач. Вели дека делумно ќе го искористи само правото на обезедување и тоа ретко.
Тој има право на шест бодигарди, кои може самиот да ги одбере за да го чуваат 24 часа.
