Заев од Влада бара уште три дена вонредна за избори на 8-ми

Претседатеот на СДСМ, Зоран Заев, денеска изјави дека ќе побара Влкада на специјална седница да изгласа предлог за продолжување на вонредната состојба за дополнителни три дена.

Заев предлага, наместо на 5 јули,изборите да се одржат во неработен ден на 8 јули „среда), но и со можност гласањето да трае три дена.

„Ако се прифати осми јули ќе го замолам претседателот на Владата и министрите да се соберат доцна во текот не денот, да свика владина седница и да донесат предлог за продолжување на вонредната состојба од три дена, овој пат заради договор со опозицијата, бидејќи немаме аргументи заради економски причини да барам вонредна состојба, но тие три дена ќе дадат правно разрешување на можноста, токму на 8-ми јули да одиме заедно на избори, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Според Заев, дополнителното кратко продолжување на вонредната состојба, која по правило денеска завршува, се прави за да може во понеделник и вторник (6-ти и 7-ми јули)да гласаат болните и изнемоштените, граѓаните во самоизолација, граѓаните позитивни кои се во болници и дома, сите хронични болни и повозрасните луѓе.