„Денеска добивме сериозно охрабрување од земја членка која е прилично влијателна во ЕУ, посебно во новите констелации во политичкиот дел и поставеноста на Алте груп, но и од Германија и пораката што ќе ја добиеме од канцеларката Ангела Меркел и јасното соопштување за извесните чекори коишто ќе дојдат, така ќе ги носиме одлуките дома – изјави денеска премиерот Зоран Заев кој, како што кажа „нема дилеми дека ќе добиеме датум за преговори, важно тоа е да биде порано“.

Одговарајќи на новинарско прашање за која од трите можни опции се одлучил п меѓу опциите реконструкција на Владата, предвремени парламентарни избори или враќање на мандатот, Заев додаде дека реконструкција или предвремени избори ќе зависат од одлуката на Европскиот совет и како европските земји ќе ги постават работите, како и од пораките што ќе ги добиеме од германската канцеларка Ангела Меркел на претстојната средба во четврток во Берлин

Тој рече дека по средбата во четврток, веројатно следниот викенд ќе следи седница на централниот одбор на СДСМ, дека се постојано во координација со коалициските партнери и во зависност од одлуката на парламентарното мнозинство и дали тоа ќе се одржи, така ќе ги носат одлуките, пренесе Плусинфо.