Заев од медиуми дознал дека Рашковски шетал – вели имал право

Премиерот Зоран Заев вели дека од медиуми дознал дека поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, кој е официјално во домашен привор, бил виден како се движи надвор од домот.

„Соопштија правосудните органи и МВР дека Рашковски има дозвола од суд во точен период кога да оди на лекар.

Тоа го прочитав од медиумите, значи ниту знам јас зошто е виден да оди слободно или не. Знам дека има точно предвидено со решение на судот кога оди на лекар заради здравствени потреби, точно колку пати во неделата, кој дел од денот итн. “, вели Заев.

Дел од медиумите вчера објавија фотографија на која се гледа Рашковски како се движи по улица во Општина Аеродром, а од МВР соопштија дека поранешниот генерален секретар има дозвола од Основниот кривичен суд во Скопје во точен период од денот да се оддалечи од домот за да оди да добие здравствена услуга.

Рашковски се наоѓа во куќен притвор како осомничен во истрага за набавка на софтвер во периодот додека беше генерален секретар.