Заев: Нема предвремени избори (ВИДЕО)

Не за предвремени парламентарни избори, да за реконструкција на владата и продолжување на политиката на евроатлантската интеграција е заклучокот од денешната седница на Централниот одбор на СДСМ во Охрид.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев изрази уверување дека „Европскиот совет ќе донесе заклучок, ќе има изјави на 20-21 јуни, а секако Бундестагот ќе ја направи верификацијата за извештајот во септември, и конечно добивањето на датумот ќе следи во октомври“.

„Два или три месеци не се толку важни. Драго ми е што и Бундестагот преку пратениците тоа го потврди. Сето тоа не става во позиција да го скратиме времето на кои било политички промени и да донесеме одлука која што е најцелисходна за државата и за граѓаните, а тоа е да завршат проимените и Владата да продолжи со целиот капацитет и да се посвети на реформите, но и на економските перспективи како приоритет за оваа година“, истакна Заев.

Во тој контекст тој најави дека до крајот на месецов ќе има смена на 8 министри, исто толку заменици и 20-тина директори на јавни претпријатија.