СДСМ ќе ги добие изборите и нема да коалицира со ДУИ, изјави Зоран Заев во гостување на ТВ21 и му порача на коалициониот партнер дека по 17 години партијата на Али Ахмети ќе замине во опозиција.

„Ниту објавија кандидат за премиер, ниту објавуваат. Преку тоа се обидуваат да калкулираат со гласови, ние нема да коалицираме со нив.

Затоа СДСМ ќе победи на изборите, тоа значи дека ДУИ заминува во опозиција. Тоа значи дека ДУИ после 17 години ќе оди во опозиција. И здраво е за ДУИ да оди во опозиција“, рече Заев.