Преговорите за членство на Македонија во Европската унија не можат да почнат без одобрување и од Бугарија, му порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на премиерот Зоран Заев на денешната средба денеска во Брисел.
„Ги охрабруваме Бугарија и Северна Македонија да ги решат отворените прашања за да можат да почнат преговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ“, изјави портпаролот на ЕК, Ерик Мамер.
Заев пред Фон дер Лајен го повторил ставот дека Македонија нема да прифати старт на преговорите по цена на македонскиот идентитет и јазик, а таа му го предочила начинот на донесување одлуки во ЕУ со консензус.