Се е подготвено за организација на собирот/конгрес на поранешните членови на ВМРО-ДПМНЕ познати како МК Мериот според сопственикот на хотелот Мериот Сашо Мијалков кој е еден од главните поддржувачи на оваа група.

Денеска со поддршка односно легитимирање на “Мијалковистите” излезе и премиерот Заев кој ги засили информациите дека токму тој заедно со екс шефот на УБК Сашо Мијалков стои зад наводниот конгрес.

Повеќе извори од СДСМ но и од поранешни членови на групата на Мијалков признаваат дека целата работа е сомнителна штом Заев дава отворена поддршка за активности со кои се врши обид за удар врз лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

“Во целата идеја за конгрес ако тој се случи сега интерес имаат само двајца луѓе. Едниот е Сашо Мијалков кој се соочува со пресуда за Таргет – Тврдина и ќе треба да оди во притвор. Вториот е премиерот Зоран Заев кој со на идниот конгрес ќе добие можност преку неговите медиуми да ја дефокусира јавноста од скандалите на владата. Не има повеќемина кои што разговараме за најдобриот начин на кој што треба да функционираме до локалните избори и потоа но одржување на конгрес во март е спроведување на најголемата желба на Заев, владата и медиумите под негова контрола наместо за катастрофалната работа на СДСМ да зборуваат за криза во опозицијата”, вели поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ кој сугерира дека сите партиски кадри да се обединат со поддршка за победа на партијата во пресрет на локалните избори закажани за октомври.

Истиот извор наведува дека голем број од луѓето што сега работат за МК Мериот не ги знаат деталите од политичките договори за случајот Таргет – Тврдина во кој доколку обвинителството не побара притвор за Мијалков веднаш по пресудата ќе стане јасно за што се работи.

За оваа опција зборуваат и други добро информирани извори на социјалните мрежи.

Според нив сега топката е кај Ленче Ристовска која ќе мора да ја следи професионалноста, храброста и независноста од политиката на нејзината колешка Фатуме Фетаи која за случајот Монструм се одважи и под реална лична безбедносна закана не се откажа од законот и правосудните процедурите и пркстики.