Заев најави неработна недела од 1 октомври

Владата на денешна седница усвои измени на законите за работни односи и за трговски друштва според кои од 1 октомври, недеана ќе биде неработен ден.

„Ова е ветување што Владата го имаше како приоритет во програмата. Со ова се прави исчекор кон унапредување на работничките права и продолжување на поддршката за работниците“, рече премиерот Зоран Заев.

Тој најави дека предлог-измените веднаш ќе бидат доставени во собраниска процедура. Целта е, како што рече, да се постигне рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот дел од животот на работниците.

Предвидени се исклучоци за оние дејности кои не можат да го прекинат работниот процес. Работниците во овие дејности кои ќе работат и во недела ќе добијат дневница најмалку 50 проценти повисока од редовната денвница и слободен ден што ќе го користат во наредните седум дена.