Можен е договор на лидерската за одложување на пописот, рече за Телма, премиерот Зоран Заев пред почетокот на лидерската средба.

Пописот најверојатно ќе биде одложен.

Ваков договор се очекува од денешната средба на лидерите на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ Заев и Мицкоски која ќе се одржи во Клубот на пратеници.