„Заев може да смени став и неколку пати во денот“, вели Таравари

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари вели дека оставката на премиерот ја оцени како морален чини, но смета дека Зоран Заев – може да се премисли.

„После ваквиот пораз, од морален аспект убаво направи. Иако јас мислам дека може пак да го смени ставот, знаеме дека господинот Заев може да смени став и неколку пати во денот“ ееч Таравари во гостување на ТВ Телма.
Инаку изборен дебакл, можеби и тој не очекувал. Јас гарантирав дека СДСМ и ДУИ ќе ги изгубат околу две третини општини и изгубија. Луѓето околу него само не му кажувале каква е ситуацијата на терен. Македонците, Албанците и Турците на избори казнуваат, не наградуваат.
Сега ВМРО-ДПМНЕ треба да биде многу трезвена, да не ги направи истите грешки што ги направи Заев“, вели Таравари.