Поранешниот премиер Зоран Заев, денеска, на 5.годишнината од референдумот за Преспанскиот договор, порача дека е време за нов македонски успех.
„Во тоа име повикува на одговорност и на постапки со кои ќе ги обезбедиме сите услови и ќе го искористиме поволниот геополитички момент за наше членство во Унијата најдоцна до 2030 година.
Македонија треба да ги внесе Бугарите во Уставот за да продолжи по европскиот пат. За да се реализираат уставните измени, потребно е двотретинско мнозинство“, порача експремиерот на Фејсбук.
![](https://www.expres.mk/wp-content/uploads/2023/09/Заев-порачува.jpg)
„Пет години после референдумот за нашиот историски исчекор напред, исправени сме пред нови комплексни предизвици. Нашата влада успеа да најде компромисно решение со Бугарија претставено во европскиот предлог и во нашата преговарачка рамка, а дел од тоа решение содржи и наши обврски за кои е неопходен натпартиски мнозински договор“, порачува Заев.
![](https://www.expres.mk/wp-content/uploads/2022/11/Заев-1.jpg)