Да се каже дека Заев лаже не е некоја нова вест ниту изненадување.

Во исто време е можност тие што ќе го обвинат јавно Заев дека лаже да се заминаваат со него на суд а како странични последици да се соочувааат со навреди, повици во полиција, клевети од неговите диригирани партиски ботови, закани од полудиригирани вљубеници во неговиот лик и дело.

Ги очекувам сите погоре наведени.

Премиерот Заев денеска изјави дека никогаш не го нарекол српскиот претседател Вучиќ националист.

Јас тврдам дека Заев лаже!

И очекувам да и се извини на македонската јавност за своите лаги.

Ако премиерот има проблеми со сеќавањето или некакви проблеми поврзани со деменција или други здравствени проблеми што му го замаглуваат умот па не знае што зборувал во минатото и што зборува сега искрено го жалам и ќе му се извинам.

Но тогаш тој ќе мора да се повлече од својата позиција затоа што човек со намалена или со целосен дефицит на деловна способност не може да ја води владата или да врши било каква одговорна функција во државата.

Да заклучиме: Заев лаже, очекувам извинување како дел од македонската, по кој знае кој пат излажана и манипулирана јавност.

П.С.
За доставувачите на тужбата од Заев адресата е позната, сега е дел и од македонскиот устав.