Премиерот Зоран Заев има намера да се повлече од функцијата до крајот на годинава, велат извори во владејачката коалиција
Крајот на оваа година ќе биде политички интензивен – меѓу опозициско барање за избори, и кроење нова влада на мнозинството. Ветото ја носи Алтернатива под опозициски притисок објавува ДВ на македонски јазик.

Премиерот Заев ќе се повлече од функцијата по годишното обраќање на шефот на државата Стево Пендаровски во Собранието, велат неофицијално за ДВ извори од владејачката коалиција. Не прецизираат дали тоа ќе биде истиот ден или ден потоа, но според овие извори, намерата на премиерот била да се повлече пред крајот на годината, со цел да почнат да течат роковите за нова влада, и тој процес да заврши до средината на јануари објавува Дојче Веле на македонски јазик.

Засега нема официјална потврда на овие наводи, но сосема е извесно дека крајот на оваа и почетокот на идната година ќе биде политички интензивен – од една страна е барањето за предвремени избори од страна на опозицијата, а од друга – намерата на актуелното мнозинство да формира стабилна влада која ќе ги води процесите до крајот на мандатот пишува ДВ.

Линк до целиот текст.