Со цел да ги смири духовите кај помалите политички партии во владејачката коалиција, особено откако новиот коалициски партнер Алтернатива добро се испазари со премиерот и својот влез во владата го наплати со придобивање 47 функции, премиерот во заминување ќе ги врати министерствтата без ресор, анализира „Плусинфо’.
Во 2015 година, кога тој и неговата партија од опозиција жестоко ја критикуваа власта на ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека земјава е рекордер со дури 26 министри на два милиони жители…
Пет години подоцна, за време на изборната кампања пред парламентарните избори што се одржаа на 15 јули 2020 година, премиерот изјави: „Ги укинуваме кабинетите на сите 7 министри без ресор во новата влада предводена од СДСМ и коалицијата. Ќе градиме уште поотчетна и потранспарентна влада која ќе работи за народот, за унапредување на правата на сите граѓани“.
Станува збор за класично партиско „вдомување“ и залажување на апетитите што ги покажуваат помалите политички партии вели политичкиот аналитичар Синиша Пекевски во изјава за Плусинфо, односно дека Заев всушност го прави она што најдобро го знае: погазување на зборот..
„Пред само една година СДСМ ги укина министерските места без ресор со цел да се заштедат државните пари, а сега истата таа партија повторно ги нуди ваквите позиции само за да се задржи на власт.
Ваквата одлука ќе му се удри од глава на премиерот Зоран Заев, оти станува збор за самоуништувачки потег за СДСМ, но и за државата. Станува збор за класично партиско „вдомување“ и залажување на апетитите што ги покажуваат помалите политички партии. Ваквиот потег нема ништо добро да ѝ донесе на државата, бидејќи министрите без ресор се само симбол за трупање функции. Иако првично одбија, сепак сметам дека помалите коалициски партнери ќе ја прифатат понудата од премиерот и дека ќе добијат министри без ресор. Ако евентуално одбијат да го сторат тоа, тогаш ќе бидат притиснати од меѓународниот фактор и ќе мораат да прифатат“, вели Пекевски во изјава за Плусинфо.
Аналитичарот Петар Арсовски смета дека ваквиот потег на премиерот Зоран Заев ќе има негативно влијание врз рејтингот на неговата партија, но дека сето тоа би се компензирало во случај на некаков позитивен исход во процесот на евроинтеграциите.
Аналитичарот Владимир Божиновски од Институтот за политичко истражување (ИПИС), смета дека ситуацијата на Илинденска е толку лоша што владата мора во екот на економска и енергетска криза да отвора нови кабинети и да создава дополнителни трошоци за граѓаните.
Различно е да имате министер кој раководи со ресорно министерство во однос на министер без надлежности и без вработени, освен секретарка и возач, вели Павле Трајанов претседател на Демократски сојуз
Лидерот на НСДП, Тито Петковски, пак, вели дека неговата партија нема да бара ништо за возврат.
Од коалицијата ЛДП/ДОМ засега не се изјаснија дали ќе бараат повеќе функции во идната влада. (Плусинфо)
