Во денешната честитка до граѓаните од српската заедница – националниот ден на Србите, Свети Сава, премиерот Зоран Заев најави враќање на српскиот јазик како еден од изборните предмети во основното образование.

„Со нашите сограѓани од Србија ги унапредуваме традиционално добрите односи и со Република Србија и во таа насока во Општина Центар се завршени сите претходни постапки за изградба на Српски културен центар кој ќе почне да се гради оваа година, истовремено кога во соседна Србија ќе се реализира и идејниот проект за Македонскиот културен центар во Белград.

Одиме и чекор понатаму и ги враќаме наставните програми за изучување на српскиот јазик и култура за што се одобрени наставните програми од трето до шесто одделение, а во постапка на одобрување се наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение, за разлика од времето кога ВМРО-ДПМНЕ во 2007 година ја укина можноста српскиот јазик да се изучува како изборен предмет“, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук а пораката ја поренесуваат и белградски медиуми.