Заев ќе го разреши Пауновски!?

Премиерот Зоран Заев очекува вицепремиерот Љупчо Николовски да достави предлог за разрешување на директорот на Пазарен инспекторат Стојко Пауновски.

„Секој ден да водите полемики со потпретседателот на Владата, со претседателот на Владата е пркос кој не е дозволен. Хиерархијата треба да се почитува, таа е поставена и треба да финкционира. Се работи за мој исклучително добар пријател, но кажувам што е принцип“, рече Заев.

Тој смета дека тоа што Пауновски си дозволил јавно да прави вакви коментаари, понижувајќи ги, како што рече своите претпставени, е доволна основа за негово разрешување и очекува службите да отворат постапка.

Директорот на ДПИ претходно изјави дека е разочаран што премиерот не разбира дека во институцијата во веќе има 247 веќе вработени лица,не може да вработи 35 рамковни административци кои се неквалификувани кадри и избираат да работат замо во западниот дел од земјата.