Премиерот Заев по кој знае кој пат го понижи обвинителскиот систем во Македонија кој практично го прикажува како своја приватна испостава.

Откако предходно во својот кабинет заедно со државниот обвинител Јовески и претседателот на скопскиот кривичен суд надвор од секоја правна логика преговараше за конкретен случај за бегство на осуденик денеска Заев народски кажано му се помоча на независното обвинителство со се сите обвинители и истражители во него.

Премиерот јавно призна дека добива информации од истрагата со цел да донесе политичка одлука за прифаќање или одбивање на оставките на Филипче, Хасани и Бесими.

Според законот се до завршуваше на истрагата и покренување на обвиненија сите информации од истрагата треба да бидат тајни за било кој друг што не е дел од истрагата.

Истрагата на ЈО обвинителството започна веднаш по несреќата со повеќе обвинители а Русковска почна со друга истрага за набавката на Ковид центарот под сомнение дека има организиран криминал.

Заев сега тврди дека има факти од истрагата.

“Имајќи предвид дека истрагата се спроведува со висока динамика и е обезбедена со највисоко ниво на стручност и професионалност, мојата проценка и одлука за поднесените оставки ќе ја базирам на фактите кои ги добивам од истрагата, согласно причините за избувнувањето на пожарот”, јавно објави Заев денеска.

За споделување на податоци од истрагата со луѓе кои не смеат да ги имаат сега јавното обвинителство треба да покрене нова истрага против тие што му даваат информации на Заев и против премиерот лично затоа што тој знае дека не смее да има пристап до истрагата.

Да бевме нормална држава има само едно сценарио но во држава како Македонија деновиве поверојатно е дека Заев преку неговите гавази во Обвинителството ќе наложи да започне истрага против мене затоа што сум укажал на незаконско работење.

Аферим!

Признанието на Заев дека има свои кртови во истрагата преку кои со оглед на неговата моќ може да влијае на резултатите на истрагата: