„Стекнатите права на помалубројните народи се веќе стекнати и нив не смее никој да ги оспорува и назадува, без разлика на резултатите од статистичката операција“, рече изјавуи премиерот Зоран Заев денеска во врска синоќешната изјава на екс-министерот за образование, а сега пратеник, од ДУИ Арбр Адеми дека ДУИ нема да ги признае резултатите од пописот ако етничките Албанци во Република Северна Македонија излезе дека се под 20 отсто од вкупниот број на населението.
Пописот е само статистичка операција која е повеќе за административни потреби и планирање и зад резултатите стојат СДСМ, ДУИ и останатите партии во владејачката коалиција во која е и ДУИ од чии редови е и Адеми, рече Заев, пренесе СДК.