Претседателот на СДСМ и претседател на Владата, Зоран Заев во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека гласовите на ЛДП, ДОМ, Ана Петровска или Независните не се гласови на ВМРО-ДПМНЕ, туку нивни.

„Кандидатот на ЛДП, ДОМ, Ана Петровска, други независни кандидати околу 25/26 илјади гласови еве каде се, тие не припаѓаат никако на ВМРО-ДПМНЕ. По филозофија на определба на граѓаните гласачи, на карактерот на тие луѓе, тие дури одат и чекор натаму од СДСМ. Тие водат специфични политики, дали се тоа либерално зелени или само зелени политики. Да, тоа се од нашите политики, но тие се генерални заради тоа што и поголема партија, поголема политичка опција. Тие гласови се тука, тие се наши гласови“, истакна Зоран Заев.

Тој додава дека вториот дел од гласовите, останале дома.

Линк до целата изјава.