Заев: ЕУ бара начин да ја мотивира и Македонија да биде разумна

Во интервју за македонската редакција на германскиот државен медиумски сервис Дојче Веле премиерот Заев открива дека сите други земји членки на ЕУ освен Бугарија бараат начини да ги вразумат двете земји, и Македонија и Бугарија.

Зошто ЕУ членките би ја мотивирале Македонија која не поставува никакви услови кон никого и дури прифаќа навреди и понижувања од Бугарија, Заев не открива.

Оваа информација со која според Заев ЕУ има ист пристап и кон насилникот и кон жртвата е објавена во англиската верзија на интервјуто на Дојче Веле со Заев.

На прашањето: ЕУ има 27 земји-членки, и вие очигледно сте во контакт со многу други лидери. Дали има прифаќање на барањата на Бугарија меѓу другите земји на ЕУ? Каков е нивниот одговор?, Заев одговара:

“Тие сметаат дека ставот на Бугарија е многу тешко разбирлив. Тие не успеваат да видат зошто една земја постави такви барања од друга. На пример, од нас се бара да препознаеме нешто што е во спротивност со нашето право на самоидентификација, кои се прашуваат кои сме и на кој јазик зборуваме. Тоа е тешко да се сфати.

Останатите 26 земји-членки се затекнати и сега се обидуваат да најдат дипломатски начини да ги мотивираат двете земји да бидат разумни. Официјално, се разбира, интеграцијата на регионот на Западен Балкан во ЕУ е во стратешки интерес на Бугарија, бидејќи тоа би било гаранција за поголема соработка, пријателство и взаемна помош”.

Македонската верзија на интервјуто ОВДЕ
Англиската ОВДЕ