Заев “е во право”: Корумпираните шефови се ослободуваат од заробеното судство

Одговорниот за надворешна политика на Алијанса за Албанците Арбен Фетаи ја коментира одлуката на скопскиот апелационен суд да ослободи двајца осудени членови на ДУИ за изборни измами.

Во циничниот пост Фетаи се согласува со премиерот Заев кој изјави дека во неговата валда нема корумпирани функционери.

“Двајца функционери на ДУИ, претходно осудени на 3 1/2 години затвор за изборна измама, денеска беа амнестирани. Заев има право кога рече дека нема корумпирани функционери на режимот. Само незаштитени државни службеници одат во затвор. Шефовите се амнестираат од заробените судови”, пишува Фетаи кој долги години работи во Брисел.

По 4 години судење Апелација која е индиректно под контрола на владата на СДСМ и ДУИ денска ги ослободи единствените од власта кои беа гонети од СЈО и подоцна од државното обвинителство.