Заев е дел од истрага на обвинителството

Премиерот Заев потврди дека бил еден од распитуваните во случај кој го води екс ѕвездата на СЈО Ленче Ристовска.

Одговарајќи на новинарско прашање дали истрагата за Сашо Мијалков е завршена и дали има утврдено одговорност на институциите, премиерот Зоран Заев изјави дека не знае дали истрагата е завршена, но дека бил дел од неа.

Не знам за истрагата, но знам дека бев дел од истрагата. Обвинителката Ленче Ристовска имаше интервју со мене, односно бараше детали, податоци, се, што нормално како одговорен и човек, но и претседател на Владата ги соопштив, ги дадов, чекам да ја прочитам, да ја видам навистина истрагата и документот којшто е конечен затоа што мислам дека сите треба да учиме од слабостите на системот или од предностите коишто треба секојпат да ги подобруваме и унапредуваме – одговори Заев.