Заев доби конкуренција: Лидерката на ДОМ со неверојатна изјава (ВИДЕО)

Лидерката на ДОМ Маја Морачанин му стана сериозна конкуренција на премиерот Заев кој се уште е неприкосновен по нелогични и збунувачки изјави.

Со својата изјава дека струјата треба да биде поскапа за да не се троши многу од стран ана граѓаните Морачанин застана рамо до рамо со својот коалиционен шеф Заев кој е најпознат по своите неверојатни изјави.

Во дебата за законот со кој се намали данокот а со тоа цената на струјата привремено остана иста за граѓаните Морачанин кажа работа која може да се спореди со легендарната изјава на Заев на пример за Холокаустот како Еврејска традиција или за Бугарија која во втората светска војна не била фашистичка држава која ја окупирала Македонија туку пријател на Македонија која имала административна управа во земјава.

Видеото од изјавата на Морачанин