Заев: До недела ќе стигнат вакцини, а можеби и не

Премиерот Зоран Заев не знае да каже кога точно може да се очекува пристигнување на првите нарачани вакцини за С Македонија.

„Секој ден очекуваме кога, и имам информација кога ќе стигнат вакцините. Но, како да кажам, што ако не стигнат.

Во недела очекуваме 3 000 вакцини да стигнат преку ДХЛ. Министерството вчера потврди дека ќе стигнат конечно и вакцините на ‘Фајзер’ , а стигна информација дека ќе пристигнат и оние преку Ковакс механизмот, некаде кој крајот на првиот квартал. Сѐ уште се очекуваат и кинеските за кои плативме аванс, па го повлековме“, истакна денеска Заев пренесе !360 степени“ .