Премиерот Зоран Заев со остра порака до директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, кој преку Фактор порача дека по ниедна цена нема да го потпише решението за примање на 35 „рамковно вработени“, бидејќи не се соодветни за неговата институција.
„Сакам да истакнам порака до сите оние директори што прават отпор – да не прават отпор.
(…)Така да испраќам порака пред се до директорот на Државниот пазарен инспекторат којшто е доста гласен, треба да ги спроведеме одлуките или да кажеме зошто не се спроведуваат, а не да водиме, така да кажам, јавна војна преку медиумите едни со други. Тоа не ни треба, зошто ова е нешто што народот го очекува од нас“, рече денеска премиерот Заев.
Според Заев 750 рамковни“ се веќе распоредени, а очекува за 15-20 дена да се најде решение за преостанатите 350 вработени во јавната администрација кои со години не одат на работа, а земаат плата.
