Заев да го разрешри Рашковски, бараат од партија на Ромите

Крајно е нечовечки да омаловажуваш еден народ од една пријателска земја која е членка на ЕУ, со зборови, кои патем, ги навредуваат и чувствата на Ромите во Македонија, реагира партијата Демократски сили на Ромите, на последниот скандал со генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски кој добива и меѓународни димензии.

„Драги Рашковски не само што треба јавно да се извини на Ромите, тој треба да биде разрешен од страна на премиерот Зоран Заев.

Ако тоа не го направи премиерот ќе значи дека и тој како и генералниот секретар ги споделува истите ставови кои не се ништо друго туку говор на омраза. Истовремено бараме Комисија за заштита од дискриминација да поведе постапка и соодветно да ги санкционира ваквите појави и испади“ велат од партијата.

Во аудио-снимката за договарање тендер за М-НАВ со италијанската фирма “Леонардо“ ген-секот на владата за Италијанците вели дека се „Ци**ни“ од „Е*иветер“ држава.