Заев, Царовска, Кирацовски ќе сведочат за „Меѓународниот сојуз“ на Боки 13

Судот соопшти дека ќе ја провери околноста каде се наоѓа одземениот мобилен од Бојан Јовановски и дали во МВР е зачувана форензичка копија од податоците од телефонот чие доставување ќе побара, во однос на предложените докази од одбраната на денешното рочиште за предметот „Меѓународен сојуз“.

Одбраната за следното рочиште треба да ги обезбеди останатите предложени писмени докази, а како сведоци ќе бидат повикани и Нина Старделова, Стефан Богоев и Наташа Петровска.

Прифатен е и предлогот на одбраната како сведоци на некое од следните рочишта да бидат повикани и сослушани и Зоран Заев, Александар Кирацовски, Мила Царовска, Горан Сугаревски и Сефер Цановски.

ПОВЕЌЕ