Заев бара да попуштиме во спорот со Софија за да не чекаме уште 27 годинини…

Премиерот Зоран Заев смета дека ако не се реши спорот со Бугарија можеме уште 27 години да живееме во блокада, како што беше случај со Грција и затоа потребни се мудри одлуки за да се откочи процесот, пренесува Сакам да кажам од денешната прес-конференција.

Тој цповтори дека со бришењето на бугарски од бугарски фашистички окупатор од спомениците се отвора пат за решавање на спорот, но тоа не значи бришење на историјата.

„Бугарија ни направи блокада и со тоа го прекрши членот 2 од Договорот за пријателство.

И сега можеме ние да живееме 27 години со блокада, како што беше со Грција, зошто не, тоа зависи како ќе одлучиме сите ние“ предупреди премиерот во одговор на новинарско прашање.

Заев соопшти дека во моментов нема никаков исчекор во решавање на спорот и дека преговорите ќе продолжат после изборите во Бугарија кои се закажани во ноември, кога очекува „зелено светло“ од Бугарија за одржување на првата меѓувладина конференција во декември.

Истакна дека она што ќе се договори со Бугарија ќе се спроведува откако земјава ќе добие поддршка за почетокот на пристапните преговори.