Заедничка седница на македонската и косовската влада

Прва заедничка седница на владите на Македонија и Косово ќе се одржи денеска во Скопје. во полн состав, предводени од премиерите Зоран Заев и Албин Курти.

Пред почетокот на заедничката седница предвидена е церемонија за официјален пречек, и тет-а-тет средба на премиерите Заев и Курти, како и билатерални средби на министрите во Владите на двете земји.

„Заедничката седница на владите ќе се одржи веднаш после средбите на премиерите и министрите и на неа е предвидено свечено потпишување на повеќе меморандуми и договори за соработка“, информираат од владината прес-служба.

Договорите се од областа на инфраструктурата, дијаспората, енергетиката, економијата, туризмот безбедноста, иноваци и технолошки развој и други области. МИА