„Градоначалничката на Драч, Валбона Сако, поднесе оставка по изјавата која доцна синоќа во живо ја даде за Топ ченел.

Сако, веројатно по грешка, изјави дека тие се задоволни со 50 жртви.

„Ова беше еден катастрофален земјотрес, но сме задоволни и со 50 жртви, затоа што во други случаи бројот на жртви бил поголем и од илјада“, рече Сако.

По ова таа поднесе оставка и својата одлука ја соопшти синоќа на фејсбук.

„Повредена од огромната негативна реакција на изјавата што ја дадов под стрес и премореност кои ја надминува мојата моќ, јас поднесувам оставка како градоначалник на Драч“, објави Сако.

IИзвор: Обсервер.