Зад очајниот крик на пратеникот на СДСМ Костовски се кријат 5 фракции и 170 кривични дела на луѓе од оваа партија.

Ова го тврдат поранешни членови на СДСМ кои се откажале од партијата по Преспанскиот договор и влезот на раководството на партијата во коруптивни шеми.


Според изворите во СДСМ во моментов има дури 5 неформални фракции кои ги водат Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски, Миле Зечевиќ, Радмила Шеќеринска и екс лидерот Зоран Заев.

Самиот Костовски кој разочаран од конфликтите во партијата и бара единство е долгогодишен приврзаник на министерот Оливер Спасовски, со кого заедно се уште од времето кога работеле во општина Куманово.

Изворите тврдат дека партиска анализа во СДСМ утврдила околу 170 кривични дела поради кои по смена на власта можат да бидат гонети функционери на партијата од прв, втор и трет ешалон.

Овие 170 се само случаи каде во партијата се знае за незаконитостите кои често се правени со знаење на врвот на СДСМ. Колкав е бројот на кривични дела од функционери на СДСМ за кој во партијата немаат анализа е непознато.

Голем дел од овие кривични дела се покриени со измените на кривичниот законик но огромен дел можат да бидат процесирани и затоа сега Костовски бара обединување.

Според партиски извори во СДСМ пратеникот Костовски може да најде гонет за кривично дело направено додека беше директор на Службен весник.

Што објави Костовски

„Другари и другарки да се држиме заедно“, апелира пратеник на СДСМ