Српскиот историчар Дејан Ристиќ во негирањето на македонскиот идентитет од Софија гледа доказ дека значителен дел од бугарската елита не се ослободил од идејата за т.н. Голема Бугарија.

„Посматрајќи што се случува во бугарско-македонските односи, некој во шега можеби би рекол дека бугарската политичка елита убаво се забавува. Шегата на страна, овде станува збор за сериозни експанзионистички намери, кои сега веќе се потполно отворени. Негирањето на македонскиот етнички и секаков друг идентитет, обидот да се проголта Македонија, отворените аспирации на Бугарија кон делови на нашата и државна, и етничка територија, кон делови на нашиот етнички корпус во претходните векови, но и денес, зборува за тоа дека значителен дел од бугарските политички и еден дел интелектуални елити никако не можат да се ослободат од идејата за Голема Бугарија. Тоа денес станува еден многу сериозен и, се плашам, многу убиствен механизам во билатералните односи на Бугарија со значителен дел од нејзините соседи, имајќи предвид дека Бугарија е и во ЕУ, и во НАТО, и оти тоа го користи во смисла на уценувачки капитал“, вели за „Спутник“ поранешниот државен секретар за култура во Владата на Србија.

Поврзано

Име, ЕУ, стратегија, Бучко, катастрофа… (ТВИТ НА ДЕНОТ)