Советникот на премиерот одговори на писмото на професорката Симона Петковска Илиеска која реагираше откако Марјан Забрчанец на социјалните мрежи упати критика за штрајкот на наставниците.

Во одговорот, објавен на порталот IRL.mk, Забрчанец вели дека сега платите растат најбрзо, но и дека факт е дека правото на штрајк е неприкосновено.

„Почитувана професорке, Дозволете на почеток да ги повторам и дополнително да ги појаснам позициите на мојата
објава која предизвика реакција од Ваша страна. Се надевам ќе се согласите дека суштинско, потребно и многу корисно e првачињата да добијат топло Добредојде на првиот час за кој толку многу слушале од своите родители или блиски. Сигурен сум дека тоа Добредојде кое го гледам на многу фотографии низ училиштата денес, е најдобро доколку стигне токму од наставниците. Уште повеќе, сигурен сум дека за едно прваче ќе биде големо разочарување и страдање доколку не го добие толку очекуваното Добредојде. И не само првачињата, сите ученици после два и пол месеци распуст очекуваат Добредојде од својот наставник, на првиот час.

Впрочем, сигурен сим дека е подобро да добијат Добредојде, па подоцна, на час на кој на пример се изучува Вашиот предмет, да им биде објаснето што е тоа штрајк и зошто е корисно правата да се остваруваат преку граѓански и синдикален активизам. Исто така, знам дека е многу корисно на предметите како Вашиот, учениците да можат да разговараат и дебатираат со за и против аргументи, дали одреден штрајк во одредена ситуација носи повеќе корист или штета за учениците и наставниците. Правото на штрајк е гарантирано, исто како што е гарантирана слободата да се аргументира за или против причините за штрајкот и како што е гарантирана слободата да се презенитраат факти за растот на платите“ вели, меѓу другото, Забрчанец.

Целото писно на следниот ЛИНК