Во гостижување на „Утрински брифинг“, директорката на ПИОПМ расчисти дел од дилемите во јавноста околу тоа кога вработени ќе можат да одат во пензија:
„За жените останува редовното пензионирање на 62 години, но ќе може да се пензионираат и на 64, по нивен избор, додека кај мажот останува границата од 64 години“изјави Билјана Јовановска, директорката на Фондот за пензиско-инвалидско осигурување.
Јовановска вели дека во приватниот сектор оној што сака да се пензионира подоцна, со пријава во задолжителното социјално осигурување, ќе може да ја стави пензијата во мирување.Таа додаде дека со новиот закон кој допрва треба да биде изгласан, пензискиот буџет нема да претрпи намалување на финансиите.
