За Захарова, Зеленски е Јуда на 21 век…

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски „нова инкарнација на Јуда“.

Поводот е указот, кој Зеленски објави дека го потпишал, 9-ти Мај во Украинада се прослави како Ден на Европа а не како Ден на победата.

„Што може да биде полошо од непријател? Предавник. Ова е Зеленски. Новата инкарнација на Јуда во XXI век.

Со откажувањето на Денот на победата на 9 мај, тој ги предаде еднаш засекогаш своите предци и оние кои се бореа во редовите на Црвената армија и оние кои беа мачени во концентрационите логори и оние кои работеа за Победата во позадина“.

Захарова го нарече Зеленски „соучесник на нацистите 80 години подоцна“.

Указот на Зеленски, кој го придружил со видео порака, се однесува на одбележување на 9 мај како Ден на Европа, а предлогот предвидува на 8 мај Украина да го слави Денот на сеќавањето и победата над нацизмот во Втората светска војна.