За екс бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева ставањето на бугарите во уставот е ситница но дали треба да им се лутиме на бугарските или на македонските власти, е дилемата која ја поставува шефотт на собраниската комисија за надворешна политика Антонијо Милошоски.
Милошоски обуавува дека поранешната министерка за надворешни работи на соседна Бугарија денес изјави дека Бугарите се дел од реалноста на Македонија и дека не е голема работа тоа да се преслика во Уставот, за да отпочнат преговорите со ЕУ, и поставува прашање дали за Бугарија ват другите факти.
,,Кога сме кај фактите, прашање е дали за Захариева се реалност десетината пресуди од Судот за човекови права во Стразбург, кои се однесуваат на оневозможување на правото на здружување на Македонците во Бугарија? Како членка на Советот на Европа ќе биде многу продуктивно за двете соседни држави доколку Бугарија реално ги почитува пресудите на оваа пан-европска судска институција. Во спротивно, хипокризија е да се говори за реалноста во дворот на соседите, а да не ја почитуваш реалноста во сопствената држава”, порачува Милошоски кој резимира дека за уставните измени, европскиот принцип е секоја земја да одлучува самостојно за Уставот, како највисок правен акт, кој е заедничка општествена повелба на граѓаните во секоја држава.
,,Но, за жал, за ваквите лекомислено превземени обврски не ни се толку криви претставниците на официјална Софија како Екатерина Захариева, Кирил Петков или Румен Радев. Примарната кривица е кај Ковачевски, Бујар Османи, Маричиќ и другите политички главоклимачи, кои се надеваат дека нивниот мандат ќе трае ден подолго доколку тие дадат согласност на секој диктат што Македонија ќе ја доведе во потчинета положба. Токму затоа ова е убедливо најслабата владина екипа во последниве 30 години, која и носи повеќе штета отколку корист на Македонија”, заклучува Милошоски.
Захариева е една од најблиските соработници на лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов кој стои во позадина на бугарската влада.