Имаме потврда дека само една земја членка на ЕУ се противи на нашата интеграција и на почетокот на преговорите за членство, рече премиерот Заев во изјава од Брдо кај Крањ, по серијата средби на Самитот ЕУ – Западен Балкан.

„За жал и огромно разочарување, мое лично и верувам на сите наши граѓани, блокадата доаѓа од нашиот сосед, Бугарија. Пораките од претседателот Макрон и канцеларката Меркел се јасни – за решение треба поглед напред, кон иднината, а не копање по минатото. Но, за жал не сум сигурен дека претседателот Радев ја разбра таа порака“, рече Заев и додаде:

„Чекорите и блокадите што Радев ги презема во името на Бугарија се навреда за македонските граѓани. Македонскиот народ, со сета своја мирољубивост, не може да ги оправда блокадите“.