За Заев банално е да се разговара за одговорност за 14 живи изгорени (ВИДЕО)

Десет дена откако се случи хоророт во здравствен објект премиерот Заев изјави дека веќе е банално е да се разговара за одговорност за смртта на 14 живи изгорени во трагедијата во тетовскиот ковид центар.

Одговарајќи на прашања на новинарите на настан во асоцијацијата на здруженија на пензионери Заев рече дека во СДСМ можел да го замени било кој но дека моралната одговорност за трагедијата била поднесена од Филипче и другите инволвирани кога тие дале оставки.

Заев инсистира дека за оставките ќе реши кога ќе заврши истрагата иако таа ќе даде одговор за кривичната а не за моралната одговорност.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=148178194176049&id=359477174168894