Претседателот на бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“ од Битола, Љупчо Георгиевски, најави дека Бугарите од Македонија ќе бараат правда во Стразбур по вчерашното негативно мислење на Комисија за употреба на имињата за спорното име на нивниот клуб, пренесува БГНЕС.

„Ако размислиме, до пред години кај нас беше табу само зборот бугарски, а сега веќе се бориме за човекови права. Иван Михаилов и нашиот културен центар, именуван во негова чест, не се запишани во државните регистри, туку во срцата на граѓаните на Македонија“, велиу Георгиевски.

„Ние, македонските Бугари, знаеме по кој пат треба да се движи Македонија.
Не се откажуваме и ќе стигнеме до Стразбур, ќе се бориме за нашите права, за отстранување на фалсификуваната историја и за отворање на досиејата на УДБА и никој не може да не спречи“, вели Љубчо Георгиевски како што пренесува БГНЕС.