Уставните измени да сѝе стаавт на дневен ред, а доколу нерма мнозинство, премиерот да поднесе оставка, порача денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Ја користам оваа прилика и го повикувам човекот кој што е поставен таму, Димитар Ковачевски, и вистинскиот кој што ја води Владата, Артан Груби заедно со Али Ахмети, да ги достават овие барања во парламентот, односно да ја достават потребата за отворање на Уставот за да можат пратениците да се изјаснат“ му порача денеска лидрот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на премиерот.

„Слушавме и во септември, па во октомври, потоа во февруари – март, а еве поминува и мај, дека имаат две третини во парламентот. Па тогаш еднаш нека се охрабрат и нека го потнесат тоа барање и Али Ахмети и Димитар Ковачевски.

Нека се гласа, да видиме како ќе се изгласа“, рече Мицкоски…