За ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски е „бетер од Заев“

Додека владата на Ковачевски молчи, бугарската страна слави за успех во преговорите во историската комисија. Јавноста се уште нема никакви информации од македонската страна што е договорено во однос на Цар Самоил и македонската историја, се вели во денешното соопштение на Центарот за коминикации на ВМРО-ДПМНЕ.

„Освен штури соопштенија за некаква си позитивна атмосфера во преговорите, граѓаните не се информирани што е договорено во комисијата. Информации има само од Бугарија, од членови на комисијата, експерти и медиуми, а Ковачевски и Османи се кријат и молчат.


Ковачевски бетер од Заев, тоа што не успеа да распродаде едниот со Бугарија, го продава другиот, таен договор на повидок?

Нема одговор дали Ковачевски се откажал од јазикот и што е договорот за Цар Самоил и дали тоа е причина за радоста во Бугарија?

Македонската влада води нетранспарентни и задкулисни преговори, без да биде запознаена опозицијата, пратениците во Собранието и сите граѓани за деталите во овие преговори.

Ковачевски и Османи треба веднаш да соопштат за што точно се преговара и дали се повторно се тргува со националните интереси. Националните предавства и порази на оваа ненародна власт треба веднаш да запрат, се вели во соопштението на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.