Во предлог-буџетот за идната година Владата ја зголеми ставката за плати и надоместоци за Уставен суд од 25.580.000 на 26.580.000 денари.
Уставните судии, на 22 октомври, со измена на Деловникот за работа си изгласаа додатоци на платите за висок ризик во работата и за доверливост.
Владата одвоила и 16.000 евра за Уставниот суд, да купи службен автомобил, ставка која што ја немаше во годинашниот буџет, дознава СДК.