За убиство на 17 годишник – 3 години затвор

А.Т.(18) од Скопје е осуден на три години казна затвор за убиство на 17-годишникот Никола Христовски во скопската населба Ново Лисиче лани на 14 август, објави 24 Инфо.

Обвинетиот А.Т. со нож го прободе младиот кошаркар Христоивски. Пресудата, донесена на 1 јуни, е за убиство на миг од член 125 од Кривичниот законик.

Надлежниот јавен обвинител вложи жалба на пресудата.

Според пресудата, А.Т. без своја вина бил доведен во состојба на силна раздразнетост, а пред нападот немал каде да побегне затоа што влезот во зградата во која сакал да отвори во моментите кога бил гонет бил заклучен.